Словенечкиот репрезентативен голман Урбан Лесјак од летово ќе има нов предизвик во кариерата.
Досегашниот чувар на мрежата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер, се враќа во татковината по долго време.
„Убаво е да се вратиш дома. Се уште немав намера да го направам тоа, но клубот ме убеди дека има високи амбиции – да се бори за сите три титули и со желбата да биде дел од Лигата на Европа“, вели Лесјак.
Тој потпиша договор на три сезони и ќе го брани голот на Тримо Требње најмалку до 2027 година. Лесјак ќе формира трио со младинскиот репрезентативец на Хрватска, Тин Херцег и со Ален Скледар.
На клупата на Тримо од ова лето ќе седи селекторот на младинската селекција на Македонија, Раде Стојановиќ.