Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени и двојки за единственото квалификациско коло во машката Лига на Европа.
Словенечкиот Тримо Требње што ќе го води селекторот на младинците, Раде Стојановиќ, ќе се соочи со францускиот Лимож.
Ќе има и швајцарски дуел меѓу Криенс Луцерн и Амичитија Цирих на Мартин Поповски, додека Мелсунген на Парондо го доби незгодниот Елверум.
22 тима, меѓу кои и Вардар, се директно пласирани во групната фаза, а нив ќе им се придружат уште десет победници од квалификациската рунда.
Се очекува да биде интересно и на дуелот меѓу унгарскиот Ференцварош и Силкеборг, како и на двомечот меѓу шведскиот Кристијанштад и шпанскиот Гранољерс.
Првите натпревари од квалификациското коло се на програмата на 31 август/1 септември, а реваншите се на 7/8 септември.