Куманово и Пролет одиграа интересен и неизвесен натпревар, кој на крајот заврши со поделбата на бодовите, 28-28. Иако гостите постигнаа гол во последната секунда на празна мрежа на домашните, сепак Тодоровски и Митревски не го признаа поради неправилно изведен шут од центарот.
Домаќините имаат за што да жалат, бидејќи водеа во првиот дел со пет гола разлика, но и треба да бидат среќни што извлекоа реми, затоа што Пролет во финишот водеше со два гола и можеше лесно да се случи да слави. На клупата на гостинскиот тим дебитираше Игор Илиевски, тренерот на младинците Игор Илиевски, кој е привремено решение по заминувањето на Никола Матлиески.
Домашните отворија одлично, водеа со 4-1, потоа и 8-3 и се чинеше дека го имаат мечот во свои раце под контрола. Пролет се обидуваше, но негативата ја спушти само до три гола, а на паузата беше 17-14.
По десетина минути во второто полувреме Пролет направи комплетен пресврт поведе со 21-19, а двете екипи потоа се менуваа во водство. Најголемите возбудувања беа во финишот. На 70 секунди до крајот Палевски од пенал донесе плус два за Пролет, 28-26, но Ончев набрзина врати од истата позиција. Гостите не го реализираа следниот напад, Димевски беше прецизен и на вистинското место за 28-28, кога останаа уште шест секунди. Гостите се обидоа набрзина да изведат шут од центарот, но иако топката заврши во мрежата, голот не беше признат поради неправилно изведен стартен удар.
Кај Пролет најдобар стрелец беше Палевски со 11 гола, додека Ончев со осум и Радојичиќ со шест се истакнаа кај Куманово. Во следното коло Пролет го пречека Бутел Скопје, а Куманово ќе гостува кај „сино-белите“ во Автокоманда.
























