Екипата на ПСЖ славеше против Нант со 40-39 по изведувањето на пеналите и се пласираше во полуфиналето на Купот на Франција.
По првото полувреме беше нерешено 16-16, а во вториот дел исто така двете екипи постигнаа по 19 погодоци, па мораше да се изведуваат пенали.
Голманот на ПСЖ, Јаник Грин, беше херојот на мечот бидејќи успеа да одбрани еден од ударите од седум метри, а неговите соиграчи ги реализираа сите пет.
Најдобри стрелци кај победникот беа Пранди со десет, како и Шипжак и Јахја со по шест погодоци, а голманот Паличка имаше 12 интервенции.
Кај Нант, голманот Пешиќ се истакна со 11 одбрани, додека кај стрелците доминираше Мин со десет гола.