Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето од Рајн Некар ќе се пресели во тимот на Фуксе Берлин.
36-годишното десно крило, кое во својата кариера има освоено три титули во ЛШ, со раководството на „лисиците“ потпиша едногодишен договор.
Искусниот ракометар во својата кариера имаше само еден интернационален предизвик, од сезона 2014/15, па сѐ до 2016/17 настапуваше за полскиот гигант Келце.
Откако си замина од Полска се врати во Бундес лигата, најпрво беше дел од Мелсунген, потоа играше за Емсдетен, а изминатата сезона ја помина во дресот на Рајн Некар.
Рајхман со екипата на Кил во сезона 2009/10 и 2011/12 ја освои титулата во Лигата на шампионите. Третата европска титула ја освои со Келце во сезона 2015/16.
Во својата кариера играше и за екипите на Котбус и Вецлар. Десното крило на репрезентативно ниво со репрезентацијата на Германија има златен медал од Европското првенство во Полска (2016).