ГОТОВО Е: Кристијансанд прогласи банкрот и оди во историјата!

Норвешкиот Вајперс Кристијансад, кој трипати по ред ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите, сезона 2020/21, 2021,22 и 2022/23, заминува во историјата.

Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансанд ја доживеа истата судбина на Шлагалсе, Ичако, Кометал Ѓорче Петров, Валенција, Алборг…

Раководството на довчерашниот учесник во ЛШ преку својата клупска страна соопшти дека клубот не успеал да најде 2 милиони евра, односно не успеал да обезбеди финансиска иднина, па така банкротот беше неизбежен.

,,Длабоко ни е жал што сега стоиме на оваа раскрсница и разбираме дека оваа одлука влијае на многумина –  членовите, персоналот, волонтерите, играчите, партнерите, а најмногу на фновите кои беа со нас низ подемите и падовите. Би сакале да ја искористиме оваа прилика да ви се заблагодариме за непроценливата поддршка и посветеност што ни ја покажавте”, стои во дел од соопштението на клубот.

Како што е познато, норвешкиот тим одреден временски период беше во финансиска криза, а ниту заработката од трансферот на Ана Вјахирева, клубот доби оштета од Брест Бретањ од околу 180.000 евра, не беше доволна за нешто повеќе.

Ова значи дека во Лигата на шампионите, односно во групата Б, во која се наоѓа и Рапид Букурешт на Сара Ристовска, ќе има еден тим помалку, односно седум

Вајперс Кристијансад во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите на шест одиграни натпревари оствари две победи, втората ја забележа против Будуќност.

Интересно е тоа што и црногорскиот шампион беше во финансиски проблеми пред почетокот на сезоната, но ситуацијата во клубот од Подгорица успеа некако да се стабилизира.

Во Вајперс Кристијансад настапуваа големи и познати имиња од типит на Силје Солберг, Катрине Лунде, Јана Кнедликова, Луис Абинг, Јамина Робертс, Ана Дебелиќ….