Трифуноска со „десетка“ ги почести Фаранките и стана МВП

Десниот бек Ивана Трифуноска беше меѓу најзаслужните за триумфот на Македонија против Фарски Острови со 31-28.

Таа успеа да постигне десет гола од 13 обиди во мрежата на противничките ракометарки и заслужено стана МВП.

Македонија со оваа победа остана во игра за опстанок во елитната конкуренција, односно ЕП, но за тоа ќе мора да победи и в недела.

Противник во битката за 21 место на Македонија ќе и биде победникот од дуелот меѓу Турција и Романија.

Кадетките со голем пресврт ги совладаа Фарски Острови на ЕП!