Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 7. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 7. коло има по една ракометарка од Meталург Автокоманда, Куманово и Вардар
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Супер женска лига, 7. коло, резултати:
ВАРДАР – АСТИБО 38-26 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 25-17 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЧАИР 27-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 13-55 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Македонската репрезентативка го водеше домашниот тим до победа во дербито.
Ангела Шехтанска (Куманово) – Бекот беше меѓу најдобрите во тимот на Славиша Димитријески на мечот со Пелистер.
Леона Миленкоска (Вардар) – Македонската репрезентативка беше меѓу најзаслужните за победата против Астибо.


























