Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 7-то коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 7. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 7. коло, резултати:
Астибо – Ѓорче Петров 18:39 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Чаир 26:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Металург Автокоманда 30:32 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Магдалена Којовиќ (Чаир) – Црногорската интернационалка бранеше кога беше најпотребно на дербито со Куманово, а нејзините интервенции во финишот му донесоа и два бода на вицепрвакот.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката беше меѓу подобрите на натпреварот против Астибо и зад своето има запиша шест погодоци.
Анастасија Трпеска (Металург Автокоманда) – Кружниот напаѓач одигра одлично на гостувањето кај Вардар и натпреварот го заврши како прв стрелец, имаше осум реализации.