Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 6. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 6. коло има по една ракометарка од Пелистер, Ѓорче Петров и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Супер женска лига, 6. коло, резултати:
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР 35-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК 23-18 (ИЗВЕШТАЈ)
АСТИБО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 24-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – КУМАНОВО 26-17 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 6. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Анастасија Тодоровска (Пелистер) – Имаше десет погодоци и најзаслужна за првата сезонска победа на битолчанки.
Хана Мифтари (Чаир) – Мифтари ја одработи својата задача во двата правци и успеа да даде пет гола во мрежата на Куманово.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка беше меѓу најзаслужните за победата против Вардар.























