Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 6-то коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 6. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Куманово
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 6. коло, резултати:
Чаир – Ѓорче Петров 30:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Астибо 35:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Вардар 26:22 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Хрватската интернационалка имаше свое шоу на дербито со Чаир и со 17 погодоци го предводеше својот тим до нова победа.
Стефани Ристиќ (Металург Автокоманда) – Средниот бек на натпреварот против Астибо одигра на посакуваното ниво и зад своето име запиша пет погодоци.
Сара Цветановска (Куманово) – Искусната ракометарка беше меѓу најефикасните против Вардар, постигна шест погодоци и одигра одлично во одбраната.