Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 5. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 5. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Куманово и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Супер женска лига, 5. коло, резултати:
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 29-20 (ИЗВЕШТАЈ)
СПАРТАК – КУМАНОВО 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 23-23 (ИЗВЕШТАЈ)
АСТИБО – ЧАИР 27-41 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ева Ѓорѓиевска (Куманово) – Имаше десет погодоци, беше сигурна од линијата за седум метри, а беше стрелец на голот за реми во последната секунда.
Ана Марија Коларовска (Металург Автокоманда) – Бекот даде пет гола во ремито на дербито со екс клубот и беше меѓу творците на резултатскиот камбек.
Бојана Коцева (Ѓорче Петров) – Средниот бек на шампионот постигна пет гола на дербито со Металург Автокоманда и беше меѓу најдобрите поединци.