Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на петтото коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 5. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Чаир, Куманово и Ѓорче Петров.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 5. коло, резултати:
Металург Автокоманда – Ѓорче Петров 27:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Астибо 30:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – чаир 33:35 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило повторно имаше одличен настап, постигна десет погодоци во важната победа на Вардар.
Марија Јовановска (Куманово) – Младата голманка на некогашниот шампион беше меѓу најдобрите против Астибо, зад своето име запиша 12 интервенции.
Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Искусната интернационалка од Хрватска постигна девет погодоци против незгодниот тим на Металург Автокоманда.