ТРИ ЅВЕЗДИ НА 2. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на второто коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на второто коло има по една ракометарка од Куманово, Чаир и Ѓорче Петров.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, 2. коло, резултати:

Група А
Ѓорче Петров 2 – Чаир 23:41 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Скопје 17:31(ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР22006
2АСТИБО11003
3СКОПЈЕ21013
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ10010
5СТРУЖАНКА20020

Група Б
Гевгелија – Овче Поле СУ 18:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Пелистер 29:26 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА11003
2КУМАНОВО11003
3ПЕЛИСТЕР 201221013
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.21013
5ГЕВГЕЛИЈА20020

Група В
Спартак – Шампион 22:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Деспина 43:13 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22006
2ВАРДАР11003
3СПАРТАК11003
4ДЕСПИНА20020
5ШАМПИОН20020

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 2. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Марија Јовановска - Куманово
47.06%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
32.35%
Стефанија Ѓoрѓиевска - Чаир
20.59%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 2. КОЛО

Марија Јовановска (Куманово) – Младата репрезентативка беше клучен фактор во победа на својот тим против Пелистер, натпреварот го заврши со 14 интервенции.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката повторно имаше одличен натпревар зад себе и во голот на Деспина реализираше десет пати.

Стефанија Ѓoрѓиевска (Чаир) – Левото крило се изнаигра на натпреварот против вториот тим на Ѓорче Петров, постигна дури 16 погодоци.