ТРИ ЅВЕЗДИ НА 19. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 19. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 19. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Вардар.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 19. коло, резултати:

Куманово – Ѓорче Петров – Вардар 20-31 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Чаир 36-27 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Астибо 49-27 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 19. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Леона Миленкоска - Вардар
53.33%
Марија Јанкуловска - Металург Автокоманда
41.67%
Ана Вранчиќ - Ѓорче Петров
5.00%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 19. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Ана Вранчиќ (Ѓорче Петров) – Босанската репрезентативка беше меѓу најдобрите на теренот против Куманово.

Леона Миленкоска (Вардар) – Левото крило успеа да постигне девет погодоци против составот на Астибо.

Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Македонската репрезентативка ја продолжи одличната форма и даде 14 голови против Чаир.