ТРИ ЅВЕЗДИ НА 18. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 18. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 18. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 18. коло, резултати:

Ѓорче Петров – Вардар 38-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Куманово 28-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Астибо 43-29 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 18. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Борјана Коцева - Металург Автокоманда
74.36%
Стефанија Ѓорѓиевска - Чаир
15.38%
Катерина Дамјаноска - Ѓорче Петров
10.26%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 18. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Катерина Дамјаноска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите на теренот против Вардар.

Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило успеа да постигне дури 16 погодоци против составот на Астибо.

Борјана Коцева (Металург Автокоманда) – Коцева се истакна на мечот против Куманово и заедно со Јанкуловска беа меѓу лидерите на теренот.