ТРИ ЅВЕЗДИ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 16. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 16. коло има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.

Супер женска лига, 16. коло, резултати:

ЧАИР – ВАРДАР 32-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 10-32 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – АСТИБО 34-27 (ИЗВЕШТАЈ)
СПАРТАК – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 16. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Марија Јанкуловска - Ѓорче Петров
66.67%
Билјана Дамчевска - Чаир
22.22%
Маријана Азеведо - Куманово
11.11%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 16. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Билјана Дамчевска (Чаир) – Крилото игра во одлична форма и секогаш е меѓу најдобрите во тимот на Басри Љатифи, а така беше и против Вардар.

Маријана Азеведо (Куманово) – Португалката ја продолжи одличната форма во која игра целата сезона и на мечот со Астибо.

Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите во убедливата победа над Пелистер.