Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 15. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 15. коло има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Спартак.
За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.
Супер женска лига, 15. коло, резултати:
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО 42-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 16-34 (ИЗВЕШТАЈ)
АСТИБО – СПАРТАК 26-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ВАРДАР 0-10
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 15. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Рона Мифтари (Чаир) – Младинската репрезентативка на Македонија имаше одлична партија на мечот со Пелистер во Битола.
Ива Божиноска (Спартак) – Заедно со Николовска и Зечевиќ беше меѓу предводничките на триумфот во Штип.
Марија Гугуљанова (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите во убедливата победа над Куманово.

























