Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 14. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 14. коло има по една ракометарка од Вардар, Ѓорче Петров и Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Супер женска лига, 14. коло, резултати:
ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 29-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК 35-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл. (ИЗВЕШТАЈ)
АСТИБО – ВАРДАР 31-43 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 14. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Андреа Илиќ (Вардар) – Македонската репрезентативка одбрани 20 удари на гостувањето во Штип.
Аманда Стеин (Куманово) – Бразилската интернационалка заедно со Азеведо го носеше Куманово до триумф во Битола.
Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров) – Битолчанката имаше одлична партија на првиот меч по камбекот во шампионот.

























