ТРИ ЅВЕЗДИ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 13. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 13. коло има по една ракометарка од Пелистер, Металург Автокоманда и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Супер женска лига, 13. коло, резултати:

СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР 20-31 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ЧАИР 29-36 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – АСТИБО 36-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 27-36 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 13. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Сара Котевска - Пелистер
36.36%
Марија Јанкуловска - Металург Автокоманда
36.36%
Хана Мифтари - Чаир
27.27%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Македонската репрезентативка даде 11 погодоци против Астибо.

Хана Мифтари (Чаир) – Младата ракометарка имаше значајна улога во триумфот на гостински терен кај Куманово.

Сара Котевска (Пелистер) – Битолчанката имаше одлична партија и заедно со Тодоровска беше меѓу најзаслужните за вториот сезонски триумф.