ТРИ ЅВЕЗДИ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 12. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 12. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Куманово и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.

Супер женска лига, 12. коло, резултати:

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 21-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ЧАИР – АСТИБО 41-22 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – СПАРТАК 39-31 (ИЗВЕШТАЈ)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 31-27 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 12. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
63.64%
Маријана Азеведо - Куманово
27.27%
Габриела Величковска - Чаир
9.09%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Маријана Азеведо (Куманово) – Португалската интернационалка имаше одлична партија против Спартак и постигна 11 погодоци.

Габриела Величковска (Чаир) – Искусната ракометарка игра во одлична форма, а тоа го покажа и против штипјанки.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Левото крило беше меѓу најдобрите на дерби двобојот против Металург Автокоманда.