ТРИ ЅВЕЗДИ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 11. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 11. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Вардар и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.

Супер женска лига, 11. коло, резултати:

ВАРДАР – КУМАНОВО 32-29 (ИЗВЕШТАЈ)
АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 27-42 (ИЗВЕШТАЈ)
СПАРТАК – ЧАИР 16-40 (ИЗВЕШТАЈ)
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР 36-10 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 11. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Леона Миленкоска - Вардар
61.54%
Стефанија Ѓорѓиевска - Ѓорче Петров
30.77%
Сара Миновска - Металург Автокоманда
7.69%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 11. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Сара Миновска (Металург Автокоманда) – Левото крило вторпат во серија е номинирана за „Ѕвезда на колото“, откако беше најдобра против Пелистер.

Леона Миленкоска (Вардар) – Македонската репрезентативка беше меѓу најдобрите во триумфот над Куманово.

Стефанија Ѓорѓиевска (Ѓорче Петров) – Левото крило беше најдобар стрелец и постигна десет погодоци против Астибо.