Три тинејџерки нови адути на ЖРК Куманово – клубот се подготвува за Европа!

ЖРК Куманово активно го формира својот состав за претстојната сезона и вложува во младоста, ангажирајќи три надежни ракометарки кои ќе бидат дел од ротацијата на тимот.

Клубот официјално објави дека нови членови се Михаела Николовска (17), Меланија Јовановска (16) и Ева Ѓорѓиевска, која со своите 18 години е највозрасна во ова трио.

Со нивниот ангажман, Куманово покажува јасна стратегија за вложување во иднината и развој на домашни таленти.

Покрај настапите во домашното првенство, кумановскиот тим оваа сезона ќе игра и на меѓународната сцена, каде што во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп ќе се соочи со литванскиот тим Каскада Гарлијава.