Трета победа во серија за „витамините“ од Автокоманда во прволигашката конкуренција, откако славеа кај Овче Поле со 41-27.
Момците на Миле Бочкаровски победија на гостувањето во Свети Николе без особени проблеми, а на паузата беше плус шест за нив, 18-12.
Најдобри стрелци во тимот од Автокоманда беа Ѓурмешевиќ со седум и Ковачевиќ со шест гола, додека кај домаќините шест погодоци имаше Димчевски, а Димов пет.
Во следното коло „витамините“ ќе играат на домашен терен против Аеродром, а Овче Поле го пречекува составот на Кичево.