Денеска три машки репрезентации на Македонија ќе имаат собири за ЕХФ неделата во која ќе одиграат пријателски и квалификациски натпревари.
Најголем предизвик ги очекуваат кадетите кои под водство на Горан Кузманоски ќе играат квалификации за ЕП 2026 во Луксембург. Освен домаќинот, на турнирот од 31 октомври до 2 ноември ривали ќе им бидат уште Финска и Грција.
Младинците на Наум Танески ќе играат две пријателски средби против селекцијата на Словачка во Скопје на 31 октомври и 1 ноември, како дел од подготовките за настап на ЕП 2026.
Сениорите на Кире Лазаров, го скокаат првиот бараж за СП 2027, па затоа како дел од подготовките за ЕП 2026 ќе играат два пати со Јапонија – еден меч од затворен тип во Скопје на 30 октомври, додека вториот ќе биде од отворен тип во Куманово на 1 ноември.

























