Три Македонки ќе играат во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги објави екипите што ќе бидат дел од новото издание во женската Лига на Европа.

Пријавени се вкупно 37 тимови, меѓу кои и актуелниот освојувач на трофејот, германскиот Турингер.

Покрај Турингер, уште три екипи – данскиот Никобинг, норвешката Сола и романската Корона Брашов се пласирани директно во групната фаза.

Македонија нема свој клуб во Лигата на Европа, но има три македонски репрезентативки – Сара Ристовска ќе игра со романскиот Рапид Букурешт, Ива Младеновска со францускиот Безансон и Андреа Седлоска со хрватската Локомотива Загреб.

Лига на Европа, жени:

Коло 2 (27/28 септември – 04/05 октомври)

шешир 1: Скара (Шведска), Брул (Швајцарија), Бањик Мост (Чешка), Црвена Звезда (Србија), Јаликавак (Турција), Хипо (Австрија), Бенфика (Португалија), Јонијас (Грција), Унирек (Холандија)

шешир 2: Валур (Исланд), Савехоф (Шведска), Шпоно Иглс (Швајцарија), Хорсенс (Данска), Молде (Норвешка), Рапид Букурешт (Романија), Безансон (Франција), Мошонмаѓаровар (Унгарија), Амичитија Цирих (Швајцарија)

Коло 3 (08/09 ноември – 15/16 ноември)

шешир 1: Виборг (Данска), Бломберг (Германија), Бенсхајм (Германија), Тертнес (Норвешка), Баја Маре (Романија), Дижон (Франција), Естергом (Унгарија), Локомотива Загреб (Хрватска), Заглебје Лубин (Полска), Олденбург (Германија), Ларвик (Норвешка), Шамбре Турен (Франција)

шешир 2: Бера Бера (Шпанија), Далматинка (Хрватска), Лублин (Полска) + девет победници од второто коло

Групна фаза (10 јануари – 22 февруари)

шешир 1: Турингер (Германија), Никобинг (Данска), Сола (Норвешка), Корона Брашов (Романија)
шешир 2: четири победници од третото коло
шешир 3: четири победници од третото коло
шешир 4: четири победници од третото коло