Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе имаат „дерби-недела“ на ракометните терени.
Во седум дена тие имаа(т) за судење три дерби натпревари – два од Лигата на шампионите и еден од македонската Супер лига.
Николов и Начевски го судеа двобојот меѓу бундеслигашот Магдебург и данскиот Алборг во елитата што се играше во средата, а в понеделник ќе го судат дербито меѓу Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда.
Веќе в среда македонските арбитри патуваат за Полска каде треба да го судат дуелот меѓу Келце и францускиот Нант, што е многу важен за тимот на Душебаев во борбата за осминафиналето во ЛШ.