Tри авиони и осум часа лет – ракометарките ги чека долг пат до Канарските Острови

Женската сениорска репрезентација ја очекува целодневно патување до конечната дестинацијата Ланцароте, каде утре ќе се игра реванш средбата со Шпанија.

За почеток е летот од Скопје до Франкфурт, а потоа од германскиот град со втор лет до шпанската престолнина Мадрид.

Попладнето е летот од Мадрид до Ланцароте, а сите три лета вкупно ќе траат околу осум часа, што е навистина многу.

Но сепак лошите конекции и градот-домаќин што го избра шпанската федерација придонесоа практично ракометарките без многу време за адаптација.

На првата средба во Скопје, Шпанките славеа со 31-19 и сосема извесно ќе го освојат првото место во квалификациската група за ЕП 2024.

Натпреварот во Ланцароте е на програмата утре со почеток од 17:00 часот.