Традицијата која што трае 15 години, со организацијата на кампот за ракометни голмани во хрватскиот град Омиш, ќе продолжи и ова лето.
Македонскиот тренер на голмани Ице Соколески, кој е дел од шампионот Еурофарм Пелистер, е дел од одбраното друштво.
Соколески третпат во низа е во тренерскиот штаб на кампот заедно со Примож Прошт, Харис Поробиќ, како и Дино Шпиранец и Драган Јерковиќ, кои работат во Магдебург и Рајн Некар Левен.
Тренерот на голмани во Еурофарм Пелистер и во младинската репрезентација на Македонија, од 23 до 29 јуни ќе им ги пренесува голманските „тајни“ на многуте млади чувари на мрежата од целиот свет.
Меѓу демонстраторите на кампот во Омиш се голманите на најсилните европски екипи – Венсан Жерар, Маиса Песоа, пелистерецот Филип Ивиќ, Матеј Мандиќ, Виктор Гисли Халгримсон…