Учеството на третопласираниот тим во полскиот шампионат, Горњик Забже, во европските купови наредната сезона е под знак прашалник.
Според информациите на полските медиуми, поради финансиски проблеми, можеби нема да игра во Лигата на Европа.
Третиот тим во Полска зад Висла Плоцк и Келце минатата сезона одигра одлично во Лигата на Европа и се пласира во главната рунда.
Ракодовоството за полските медиуми откри дека веројатно нема да ја добие очекуваната поддршка од градските власти, па загрозено е учеството во Европа.
За Горњик Забже настапуваат Пјотр Вишомирски, Дамјан Пржитула, екс пелистерецот Никола Ивановиќ, Украинците Илченко, Артеменко и Миноцки, Јапонецот Токуда…