Тимот на Чаир го промовираше третото засилување за претстојната сезона во која влегува со големи амбиции.
По Габриела Величковска и Анастасија Митова, нова ракометарка во составот на Чаир е Јана Велигденова.
Кружниот напаѓач настапуваше за повеќе скопски клубови, беше дел од екипите на ЖРК Алушовски, Металург, Шампион и Спартак.
Чаир освен на домашна, ќе биде активен и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп, каде во втората рунда ќе игра против Керженг од Луксембург.