Трета среќа за Еурофарм Пелистер во Суперкупот

Битолчани по третпат го освоија Суперкупот на Македонија, и тоа по пауза од три години. Во Кавадарци во мечот со кој го означија официјалниот почеток на новата сезона, Еурофарм Пелистер го победи Вардар со 28-27 (12-13). Овојпат со гол во последните секудни на Хосни Осама, и со спорна одлука во последната секунда за која тренерот на Вардар донби син картон од судиите.
Последен пат битолчани триумфираа во 2022 година, исто така победувајќи го Вардар. Потоа две сезони битолчани играа за трофејот, но загубија и во двете средби. За „црвено

Со тоа продолжи серијата на победи во директните дуели меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар која почна во јуни, кога битолчани победија во Скопје и го освоија првенството. Па следуваа два натпревари на турнири, во Охрид и Скопје. И таму “зелените“ покажаа дека се доминантни.
Сега со овој трофеј најавија дека имаат намера повторно да атакуваат на висок пласман, а навивачите од трибините им порачаа „сакаме титула“.

ензијата на Супер купот беше присутна уште пред почне натпреварот. Истиот доцнеше околу 15-тина минути, бидејќи полицијата дозволи веднаш над главата на играчите на Вардар да бидат навивачите од Битола. Иако било договорено над клупите неколку реда да бидат празни, сепак при влегувањето во салата полицијата им дозволила да седнат на местата, по што беше тешко да се контролира групата.

Колку полицијата си ја вршеше својата работа најдобро зборува фактот што ги толерираше оние н атрибините што беа со запалена цигара, па иако им беше сугереирано дека има такви навивачи, само „подигнуваа рамења“.
Дури и капитенот на Еурофарм Пелистер раегираше нас воите навивачи да ги почитиваат гостинските играчи, и да се качат некој ред погоре. Но, дури откако дојдоа дополнителн број на полицајци и редари беа создадени „какви-такви“ услови, па и натпреварот почна.

Но, сега малку и за натпреварот. Актуелниот првак засилен со голманот Никола Митревски тргна одлично, отвори со водство од 2-0 а потоа и 3-1. Вардар пак делуваше како „прочитан“ и ништо не поминуваше низ рацете на битолчани. Но, таквата ситуација брзо се смени, па вардарци во 9 минута првпат израмнија, на 9-9. Оттогаш мечот имаше сосема поинаков тек. Во екипата на Вардар немаше измени од оние состави со кои ти енастапуваа на турнирите

Одбраната на „црвено-црните“ почна да игра поагресивно, а голманот Милош Валах успеа да одбрани пет топки до крајот на првото полувреме. Филип Кузмановски кој вообичаено знаеше да „пробие“ низ противничката одбрана сега немаше решение. Затоа Хосни Осама петпати погоди, а Домен Тајник трипати.
Но, Вардар беше тој што сега имаше водство, и тоа од највисоките 10-6 во 20 минута. Неколку добри одбрани, искористување на она што им го даде ривалот и Јанковски, Малус и двапати Горига погодија за водство. Делуваше водството како олеснување за вардарци кои на претходните три меѓусебни средби загубија, па сега гледаа шанса барем „колку-толку“ да се извадат за загубеното првенство и двата порази во подготвителниот период.

Еурофарм Пелистер имаше проблем да му проработат голманите. Митревски имаше само една одбрана, а Брестовац две. Четирите гола предност Вардар не успеа да ги задржи, и ако можеше барем на полувреме да има 2 гола. Но, она што го градеа претходно со 2-3 избрзани шутеви во нападот го прокоцкаа, и Хосни Осама намали на 12-13 во последната минута. Имаа последен напад скопјани, но немаше погодок бидејќи ударот на Талески заврши во „шпагата“ на Давид Брестовац.

Само што почна вториот дел Еурофарм Пелистер брзо израмни, а потоа и поведе со 14-13. Но остана шампионот без еден играч, откако Богдан радивојевиќ доби диретен црвен картон во 32 минута поради удирање со лакт на противнички играч. Вардар израмни, а потоа и Горига беше исклучен, и со израмнети сили битолчани пак имаа „плус 1“ (16-15). Но, секое не реализирање на напад се казнуваше, па Филип Талески по подолга пауза му донесе водство на својот тим од два гола, за предност 17-15 во 38 минута.

За да биде поинтересно и понеизвесно Вардар израмни на 17-17, а Нејц Цехте зголеми на 18-17, а Давид Брестовац му одбрани удар на Филип Талески по што битолчани пак беа во позиција да водат со два гола, и тоа Халид Валид го искористи. Во 42 минута при водство 19-17 на Еурофарм Пелистер, тренерот на скопјани Иван Чупиќ мораше да бара тајмаут и да се обиде нешто да смени.

На голот на Вардар сега беше Васил Гогов, но Еурофарм Пелистер ја одржуваше таа разлика од два гола, а Вардар „бркаше“. Со играч помалку (исклучен Талески) Вардар пак намали на 21-20, но битолчани знаеја како барем да изнудат пенал. И од тие два последни пенало Рудолф Хакберт двапати погоди, за одржување на таа разлика од два гола.

Во последните десет минути се влезе таква предност од два гола, а потоа Еурофарм Пелистер брзо преку Хакбарт и Пешевски дојде до највисоките 26-22 во 53 минута. Сега притисокот беше на страна на Вардар, кој мораше брзо да реагира. Јанковски намали на 26-23, а потоа и Талески на 26-24 во 54 минута. Васил Гогов имаше одлична одбрана овзоможувајќи им на своите соиграчи да имаат напад за ново намалување. И повторно Филип Талески намали на само гол негатива, 25-26, по што тренерот на битолчани Гарабаја мораше да бара минута одмор. Остануваа 5 минути и 20 секунди до крајот на средбата, а Еурофарм Пелистер беше во напад.

Кузмановски напарви чекопр во напад, и Вардар пак беше во игра за израмнување. И Кристијан Анастасовски од линијата на шест метри погоди за израмнување, 26-26 во 57 минута. Васил Гогов во 57 минута го одбрани пеналот на Хакбарт, и неговите играчи имаа напад за водство. Но, ударот на Талески заврши во рацте на Давод Брестовац, па сега пак битолчани имаа поволна позиција, а остануваа 90 секунди, и имаше панал за нив.

Дејан Манасков погоди за ново водство, 27-26 и се влезе во последната минута. Влезот на Јака Малус во шесте метри беше санкциониран со пенал, и Харуки Кавада повторно застана на линијата од седум метри. Ја имаше Митревски топката во рацете, но таа сепак продолжи во мрежата за израмнување 27-27. Останаа уште 15 секунди до крај на средбата, а Гарабаја побара тајмауат за да даде совети за последниот напад кој можеше да реши се.

Хосни Осмама постигна гол за радост. Останаа неколку секунди до крај на мечот. Топката не стигна до голот. Вардарци протестираа дека Манасков влегов во кругот на центарот не дозволувајќи му на Талески да го изведе последниот удар. Судиите ја гледаа таа ситуација, и решија дека нема ништо спорно. Битолчани можеа да продолжат со славјето кое го почнаа.

Хосни Осама со 10 гола беше најпрецизен на средбата, а четири постигна Домен Тајник. По трипати во листата на стрелците се запишаа Хакбарт и Кузмановски. Кај Вардар со 6 гола најпрецизен беше Харуки Кавада.