Трета „лавица“ оди во Металург Автокоманда – потпиша Петра Јершек!

По Анастасија Николовска и Ива Божиноска, трета ракометарка од шампионот Ѓорче Петров се пресели во Металург Автокоманда.

Станува збор за 24-годишната хрватска интернационалка Петра Јершек, која се обврза на договор за следната сезона со тимот предводен од Јулијана Дамчевска.

23-годишната Јершек игра најчесто на левата или средната бековска позиција, а во дел од кариерата има настапувано и како десен бек.

Потекнува од составот на Осијек, каде играше до 2022 година и со кој беше седум сезони дел од елитното натпреварување во Хрватска. Настапуваше за кадетската и младинската репрезентација на Хрватска, а од 2022 година две сезони беше дел од шпанскиот тим Сан Хозе Обреро.

Металург Автокоманда со ангажманот на Јершек покажува дека има големи амбиции за наредната сезона на домашна и интернационална сцена.