Селекторот Кирил Лазаров реши да го откаже денешниот тренинг и да им даде одмор на неговите избраници.
Тој потенцира дека тоа ќе придонесе за уште поквалитетна партија против ривалот што играше полуфинале на СП минатата година.
„Го откажавме денешниот тренинг, момците треба да се одморат, да бидат позитивни, да ги средат мислите и да настапиме уште поборбено и поквалитетно против Португалија“, изјави Лазаров.
Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Португалија на 18 јануари од 18:00 часот.

























