Полскиот вицепрвак Келце на промоцијата на составот за претстојната сезона и прославата на 60 години од постоењето, го објави и „идеалниот тим“ на клубот.
Меѓу легендарните ракометари кои влегоа во идеалниот тим и во историјата на клубот, а за кои гласаа голем број новинари од Полска и ракометни работници, се најде и тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.
Хрватското десно крило играше за Келце од 2012 до 2016 година, и освои четири двојни круни во Полска.
Најважната титула со Келце му е онаа од последната сезона, кога Келце славеше во Келн и освои титулата во Лигата на шампионите.
Покрај Чупиќ, во идеалниот тим на Келце за 60-годишнината се најдоа и Славомир Шмал, Андреас Вулф, Хулен Агинагалде, Мариуш Јурашик, Гжегож Ткачик, Урош Зорман, Михал Јурецки, Карол Биелецки, Алекс Душебаев…