Грчевски прозиваше во Кавадарци, Тиквеш ги почна подготовките

Тимот на Тиквеш ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.

Кавадарчани кои се на милиметри до пласман во плеј-офот и разигрувањето за титулата ќе имаат поинаков ростер во споредба со есента.

Досега во клубот дојде кружниот напаѓач Стефан Јовевски од Пролет, додека заминаа шестмина ракометари – Манасков, Христоски, Цветковски, Ахмед, Тајник и Гришикашвили.

Тренерот Кристијан Грчевски ја имаше првата прозивка, а тимот дополнително ќе се комплетира деновиве откако ќе пристигнат интернационалците.