На 14 и 15 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи семинар на ракометни тренери.
Овој семинар има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ мора да ја поседуваат.
Свои предавања во Охрид ќе имаат професорот некогашната селекторка на Словенија, Марта Бон, како и кондицискиот тренер Петар Баснарков.
Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.
Во Охрид би требало да бидат присутни повеќе од 100 тренери.