- Некогашниот словенечки репрезентативец Себастијан Скубе во новата сезона ќе го носи дресот на францускиот Шарт. Во минатите четири сезони, 38-годишниот плејмејкер ги мина во Шамбери.
- По Данило Михаљевиќ, Андреј Добрковиќ и Алексеј Ушал, четврто засилување за словачкиот првак стана Тим Јенко Богданиќ. Словенечкиот десен бек доаѓа од унгарскиот Комло, а претходно играше за Ловосице, Плзен и Слован.
- Рускиот среден бек Дмитри Житников во новата сезона ќе ги брани боите на унгарската Татабања. По четири сезони во Висла Плоцк, Житников се враќа во Унгарија каде што играше за ПИК Сегед.
- Поранешниот тренер на францускиот Данкерк, Франк Морис, е нов тренер на египетскиот Замалек. 53-годишниот Морис покрај Данкерк, го водеше и Ним, а сега ќе го води најуспешниот африкански тим.




