- Левото крило Матје Гребиј и левиот бек Валем Пелека ги продолжија договорите со францускиот шампион ПСЖ. Гребиј ќе остане во Париз и наредната сезона, додека Пелека останува до 2028 година.
- Словенечкиот среден бек Миха Зарабец ќе остане во полскиот шампион Висла Плоцк и во наредните две сезони. Тој дојде во Плоцк во 2023 година по шест сезони во Кил, а претходно беше дел од Целје.
- Португалскиот тим Бенфика објави дека е продолжена соработката со белорускиот репрезентативец Никита Вајлупов. Тој ќе остане во Лисабон најмалку уште две сезони, односно до 2028 година.
- Германскиот интернационалец Ерик Шмит, кој освои титула на ЕП 2016, по заминувањето од грчкиот АЕК Атина се пресели во израелскиот шампионат и ќе игра за Хапоел Ришон Ле Зион.
- Српската репрезентативка Јована Рисовиќ го продолжи договорот со словенечкиот првак Крим и за наредната сезона. Голманката го одработува својот втор мандат во Љубљана и ќе остане до 2027 година.

























