ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Татран купи босански пивот, Гордо останува во Адемар, Шпикиќ верен на Ајзенах

  • Словачкиот првак Татран Прешов се ослободи од хрватскиот пивот Домагој Потнар, но веднаш ангажираше нов играч од Балканот. Станува збор за Никола Маливојевиќ, 21-годишен кружен напаѓач кој доаѓа од Борац Бања Лука.
  • Шпанскиот стратег Даниел Гордо и во наредната сезона ќе го води шпанскиот Адемар Леон. Гордо, кој истовремено е селектор и на машката селекција на Турција, трета сезона ќе биде на клупата на Адемар, откако дојде од египетскиот Ал Ахли.
  • Хрватската сензација во Бундес лигата, младиот голман Матија Шпикиќ, го продолжи договорот со Ајзенах до 2028 година. Одличните партии на Шпикиќ го донесоа и до репрезентација на „коцкестите“ и ќе биде во комбинација за СП.
  • Талентираната швајцарска репрезентативка Табеа Шмид, по одличните партии на домашното ЕП 2024, од лето ќе има нов предизвик во кариерата. Кружниот напаѓач на Копенхаген потпиша договор со шампионот Есбјерг до 2028 година.