- Голманката Силје Солберг ќе му се врати на ракометот откако стана мајка и ќе брани за данскиот тим Есбјерг. Таму ќе игра со нејзината сестра Сана Солберг Исаксон, а двете имаат договори до 2028 година.
- Најдобрата руска ракометарка Ана Вјахирева, на крајот од оваа сезона ќе си замине од францускиот Брест Бретањ и ќе се врати во Скандинавија, каде што треба да потпише договор со данскиот Оденсе.
- Шведската репрезентативна голманка Јохана Бундсен, која се пресели во Мец по распадот на Лудвигсбург, по истекот на договорот со францускиот Мец ќе се пресели во данскиот Оденсе со кој потпиша договор до 2028 година.
- Шпанскиот стратег Даниел Гордо на крајот на оваа сезона ќе се раздели со Адемар Леон, откако двете страни се договорија дека нема да ја продолжуваат соработката што трае втора сезона.
- Левиот бек на Оденсе и норвешката репрезентација, Тале Рушфелт Дејла, заминува од данскиот тим на лето и ќе се пресели во европскиот шампион Ѓер со кој се договори на соработка од две сезони.























