Некогашниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе, на крајот на оваа сезона ќе замине од францускиот Монпелје, а на негово место доаѓа средниот бек на Веспрем, Аугустин Касадо. Скубе беше позајмен од Келце, со кој исто така имаше три години договор, па нема да се враќа во Полска на лето и ќе има нов клуб.
Германскиот репрезентативец Јоханес Гола од идното лето ќе се врати во Мелсунген, тимот од кој што дојде во Фленсбург, каде што игра во моментов. Гола потпиша договор до 2027 со Мелсунген, а таму ќе го замени Рожерио Мораес, кој пак ќе се пресели во францускиот Монпелје.
Рајн Некар Левен на крајот на оваа сезона ќе се раздели со актуелниот тренер Себастијан Хинце. Kако што објавија од германскиот клуб, причината се различните гледишта кон ракометот на двете страни.
Бразилската репрезентативка Бруна Де Паула го обнови договорот со актуелниот европски шампион Ѓер. Средниот бек Де Паула ќе остане најмалку во унгарскиот гигант до 2027 година.