- Германскиот шампион Фуксе Берлин го промовираше левиот бек Фредерик Симак за наредната сезона, кој доаѓа од екипата на Лемго. „Лисиците“ ги очекуваат големи промени на играчкиот кадар бидејќи заминуваат Милосављев, Андерсон, Хербургер…
- Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед го посакува некогашниот свој играч Миклош Рошта. Тој ја одработува третата сезона во Динамо Букурешт, но на лето би можел да се врати во татковината, а тоа ќе значи заминување или на Жереми Тото или на Глеб Калараш.
- Кратко траеше епизодата на десниот бек Јовица Николиќ во Кувајт. Тој го раскина договорот со екипата на Бурган, каде што играат Мандалиниќ и Јасухира и се врати во Србија, но засега нема нов клуб.
- Данскиот репрезентативец Јакоб Холм наредното лето ќе си замине од францускиот ПСЖ и ќе се врати дома. Тамошните медиуми открија дека екс играчот на Фуксе Берлин ќе биде Скјерн.

























