ТРАНСФЕР МАРКЕТ: РНЛ најде замена за Кнор, Олимпијакос има нов голман, Алборг донесе десно крило

  • Данскиот среден бек Матијас Ларсон на лето ќе го замени дресот на норвешкиот Елверум со оној на бундеслигашот Рајн Некар Левен. 23-годишниот Ларсон ќе биде замена за Јури Кнор кој оди во Алборг, а претходно има настапувано за ГОГ Гудме, Архус и Арендал.
  • Данскиот Алборг потпиша договор до 2029 година со десното крило на Рингстед, Тобијас Нилсен. Првата сезона од договорот, Нилсен ќе ја одработи на позајмица во тимот на ХОЈ Елит.
  • Грчкиот Олимпијакос го донесе украинскиот голман Рудолф Бородај, кој последните три сезони ги мина во јужниот сосед бранејќи ги головите на Филипос Верија, Дукас и Килкис. 26-годишниот чувар на мрежата претходно во татковината беше дел од Донбас, Мотор Запорожје и ЗНТУ Запорожје.
  • Италијанскиот репрезентативец Габриеле Сонтаки од лето ќе стане интернационалец во Бундес лигата. Кружниот напаѓач на Болцано, потпиша договор на две сезони со тимот на Потсдам, каде брани Мартин Томовски.
  • Кружниот напаѓач Асма Ел Гауи и во следната сезона ќе биде дел од тимот на Валчеа. Таа ја продолжи соработката на уште една сезона исто како Љепоја и Келемен, па новопечената романска репрезентативка нема да менува средина.
  • Десното крило Кевин Гуликсен по седум сезони се враќа во тимот на Елверум. Тој доаѓа од данскиот Холстебро, а претходно по заминувањето од Елверум играше за бундеслигашите Минден и Гепинген. Гуликсен потпиша договор на три сезони, а на две сезони соработките ги продолжија средниот бек Петер Лукач и десното крило Симен Сјогорд.