- Израелскиот чувар на мрежата Дан Тепер, ќе продолжи да го носи дресот на грчкиот вицепрвак АЕК Атина и во наредната сезона. Атинскиот тим остана без вториот голман Игор Арсиќ, кој се пресели во кавадаречки Тиквеш.
- Левиот бек Дан Ракотеа, поради силната конкуренција во романскиот шампион Динамо Букурешт, реши да си замине. Тој ќе го облече дресот на полскиот Горњик Забже, третопласираниот тим зад Висла Плоцк и Келце од минатиот шампионат.
- По Леонида Гичевска, тимот на Лада Тољати промовираше уште едно засилување. Станува збор за анголската репрезентативка Жоана Фортуна, која настапува на десната бековска позиција и доаѓа од корејскиот Бусан.
- Рапид Букурешт, каде што ќе игра Сара Ристовска, ангажираше десен бек што требаше да игра за Будуќност. За романскиот клуб потпиша Французинката Аисату Ниакате, која претходно играше за Ница, Безансон и Брест Бретањ.