TРАНСФЕР МАРКЕТ: ПСЖ на шопинг во Динамо, Сако во Ѓер до 2029, Слован носи пивот од Тримо

  • Француската репрезентативка Хадату Сако ја продолжи верноста кон европскиот првак Ѓер за уште две сезони. Таа имаше договор до 2027, но раковдоството на унгарскиот гигант реши да и понуди продолжување до 2029 година.
  • Десното крило Исак Персон од идното лето ќе се пресели во данскиот ГОГ Гудме кој сезонава игра одлично од Лигата на шампионите. Персон лани беше дел од Магдебург, оваа сезона е дел од шведскиот Малме, а од идното лето одново ќе заигра во елитата.
  • Кружниот напаѓач Фредерик Ладефогед, кој игра во романскиот шампион Динамо Букурешт, според „RTHandball“ од идното лето ќе игра за францускиот гигант ПСЖ, каде тренер е неговиот сонародник Стефан Мадсен.
  • По Борут Мачковшек, словенечкиот шампион Слован Љубљана има на мета уште еден репрезентативец. Според „Handballia“ на мета на Урош Зорман е кружниот напаѓач Лан Грбиќ, кој игра за Тримо Требње.