ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ПСЖ купи лев бек, Тонесен верен на Фленсбург, Спелерберг во Скјерн до 2027

Некогашниот дански репрезентативец Бо Спелерберг ќе продолжи да го води составот на Копенхаген до 2027 година. Тој го презема овој тим во 2023 година и минатата сезона го однесе до четвртото место во данскиот шампионат.

Данскиот Оденсе ја продолжи соработката со норвешката репрезентативка Марен Ордал. 31-годишната Ордал потпиша договор на долг рок и ќе остане во овој клуб до 2029 година. Таа дојде во Оденсе во 2021 година.

Бундеслигашот Лемго го продолжи договорот со тренерот Флоријан Керман до 2027 година и ако го одработи до крај ќе комплетира 12 сезони во овој тим каде што мина најголем дел од играчката кариера.

Германскиот репрезентативец Јаник Колбахер реши да ја продолжи соработката со Рајн Некар Левен до 2029 година. Тој настапува во дресот на „лавовите“ од 2018 година кога дојде од Вецлар.

Францускит шампион ПСЖ го купи норвешкиот репрезентативец Симен Лисе, кој се обврза на верност со „светците“ до 2029 година. Левиот бек Лисе настапува за норвешкиот првак Колстад.

Десниот бек на норвешката репрезентација Кент Робин Тонесен ја продолжи соработката со бундеслигашот Фленсбург и за наредната сезона и ќе остане во тимот на Алеш Пајовиќ најмалку до 2027 година.