ТРАНСФЕР МАРКЕТ: ПСЖ има нов пивот, Веспрем купува Унгарец, Монпелје го бара Суарез

  • Десното крило Бенце Имре по крајот на договорот со Кил следното лето ќе се врати во татковината и ќе заигра за унгарскиот гигант Веспрем. Тоа значи дека од клубот ќе замине Словенецот Гашпер Маргуч. Имре би бил вториот Унгарец во Веспрем по Патрик Лигетвари, а сите останати се странци.
  • Десното крило Лука Периќ идното лето ќе си замине од словенечкиот Целје Пивоварна Лашко. Според „Handballia“, Периќ е на добар пат да го засили францускиот вицешампион Нант.
  • Средниот бек Натан Суарез, кој во моментов игра за португалскиот првак Спортинг Лисабон би можел да ја смени средината идното лето. Според „RTHandball“, шпанскиот плејмејкер ќе го засили францускиот Монпелје.
  • Данскиот кружен напаѓач Фредерик Ладефогед од наредната сезона ќе настапува за францускиот шампион ПСЖ. Tој доаѓа од романскиот Динамо Букурешт, а претходно беше дел од данските Сондерјиске, Скандерборг и Холстебро, како и германскиот Бергишер.