- По голманот Пјер Рубен, Порто објави за второто засилување. Станува збор за вториот најдобар стрелец од исландското првенство, Торстејн Гунарсон. Средниот бек за 28 меча минатата сезона во дресот на Афтурелдинг даде 184 гола.
- Некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Жарко Чуриќ, потпиша за тимот на Дуго Село. По заминувањето од Македонија во 2018 година, тој играше за холандскиот Волендам, италијанскиот Мерано, грчкиот Олимпијакос…
- Поранешниот среден бек на Металург, Гонсало Рибеиро, ја продолжи соработката со катарскиот Ал Араби за две сезони. Португалскиот интернационалец ќе остане во клубот најмалку до 2026 година.
- Бенфика најде замена за Пауло Морено, кој по долги години го напушти клубот. На пивотменската позиција доаѓа младиот Португалец Фабио Силва, кој досега беше дел од клубот Аванка.
- Рускиот кружен напаѓач Вјачеслав Касаткин, по настапите за романскиот Васлуи и словачкиот Татран Прешов, реши да се врати во татковината. Тој потпиша договор со рускиот шампион ЦСКА Москва.