ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Сегед стана шведска колонија, Нант го купи Гарсијандија, Ѓер го задржа Брегар

  • Словенечкиот стратег Урош Брегар ќе остане во европскиот шампион Ѓер најмалку до 2028 година. Тој е дел од стручниот штаб на Пер Јохансон, а дојде во Ѓер пред две сезони.
  • Десното крило Марина Судакова, која играше заедно со Сара Ристовска во ЦСКА Москва, се врати во Ростов Дон. Таа играше 15 сезони во овој клуб, пред да биде дел од Кубан, Динамо Волгоград, ЦСКА Москва, ЧСМ Букурешт, Лада Тољати…
  • Шпанскиот репрезентативен десен бек Иманол Гарсијандија од идното лето ќе се пресели во Франција и ќе ги брани боите на Нант. Членот на ПИК Сегед потпиша договор на три сезони и ќе остане во Нант до 2029 година.
  • Египетскиот десен бек Јусеф Ахмед Хасан е нов ракометар на Црвена Звезда, која ќе се бори за опстанок во Србија. Минатата сезона Хасан играше за белорускиот Мешков Брест, но не се снајде најдобро.
  • Унгарскиот ПИК Сегед одамна ја договори замената за Гарсијандија, но дури денеска ја официјализираше – доаѓа Лукас Сандел. Швеѓанецот кој играше за Алборг, Магдебург, Веспрем…оваа сезона ќе ја доигра во Рајн Некар Левен. Во ПИК Сегед тренер е Швеѓанецот Апелгрен, а таму играат Готфридсон и Тулин.